Петров: Се гледаме на врвот на 12 април

Петров: Се гледаме на врвот на 12 април

Се гледаме на врвот на 12-ти април, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров на трибината под мотото „На прав пат“ денеска во Прилеп.
Да продолжиме да чекориме по правиот пат, да не се враќаме, бидејќи сме виделе што има назад истакна Петров,

Прилеп е град херој, но тука живеат и хероите на денешницата, како младите осмооделенци, од ОУ Блаже Конески, кои освoија 2 место на натпревар по информатика, претстaвничката на детскиот Евросонг Мила Москов,  Борјан Јовановски,  кој е на високото второ место на светската ранг листа во параглајдинг , Сашо Јандрески со неговата иновација – нов дизајн на медицински шприц со кој ќе се зголеми безбедноста на медицинските лица од Хепатит и ХИВ вирусот и многу други, рече Петров.
Да се гордееме со овие млади луѓе кои се пример дека со младинските политики на СДСМ може да се успее во Македонија, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров на денешната трибина „На прав пат“ во Прилеп.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …