Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот надомест во висина од 610.000 денари, односно околу 10.000 евра кои требаше Ковачки да ги плати како нематеријална штета

Основниот граѓански суд – Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата.

„Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене, сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна, донесе одлука со која се утврдува дека тужениот искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста“, напиша таа, коментирајќи дека овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки.

Таа повтори дека „пари од нечесник не сака” и поради тоа се откажува од паричниот надомест во висина од 610.000 денари, односно околу 10.000 евра кои требаше Ковачки да ги плати како нематеријална штета.

„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, напиша Петровска.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат (ВИДЕО)

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети …