Петровска на средба со сер Берни Вајт-Спунер

Петровска на средба со сер Берни Вајт-Спунер: Европската интеграција е и безбедносно прашање од највисок приоритет

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со пензионираниот генерал на британската армија и член на „Охридската група“, сер Берни Вајт-Спунер со кого разговараше за европската перспектива на регионот и за новата безбедносна реалност на европскиот континент.

Петровска порача дека имајќи ја предвид новата безбедносна реалност, европската интеграција е потребна повеќе од кога било и дека пример за тоа како интеграцијата во европските и евроатлантските структури влијае на зацврстување на безбедноста е членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.

„Северна Македонија во НАТО е гарант на безбедноста и стабилноста не само на земјата, туку и на целиот регион. Интеграцијата во ЕУ ќе има силен позитивен ефект и на безбедноста, но и на просперитетот на сите наши граѓани“, рече министерката на состанокот.

Петровска се заблагодари за поддршката на сите истакнати членови на Охридската група за сета досегашна поддршка на евроатлантскиот и европскиот интегративен пат на Северна Македонија.

Вајт-Спунер е дел од Охридската група на истакнати државници и дипломати, предводена од Лордот Џорџ Робертсон. Групата е формирана во 2018-тата година, со цел поддршка на патот на нашата земја кон НАТО-Алијансата и Европската Унија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …