„Пипи долгиот чорап“ – премиера во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

„Пипи долгиот чорап“ – премиера во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Утре, четврток 9-ти март со почеток во 18.00 часот, во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“, според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен, во драматизација на Ивана Нелковска а во режија на Кристина Димитрова.

Пипи е најневообичаеното и најсилното девојче во светот. Таа ја живее слободата во буквална смисла и во исто време значи дека се втурнува и во многу опасни и непредвидливи ситуации. Пипи е лик од фантазијата на секое дете кое замислува авантури и патешествија и кое не сака да ја ограничи својата фантазија на реалниот свет. Такви деца во претставата се Томи и Аника, тие сакаат да бидат заедно со Пипи и вистински да ја искусат авантурата надвор во непредвидливиот и опасен свет. Во текот на нивното патување, со помош на Пипи, растат и ја осознаат важноста на тоа што го имаат во својот безбеден дом. Тие знаат дека Пипи секогаш ќе биде блиску до нив, дека тој бестрашен и предизвикувачки дух секогаш ќе ги инспирира за нови игри, но во исто време ги учи дека треба да бидат подготвени, свесни и одговорни за постапките кои ги превземаат. Импулсивните и непромислени решенија можат да доведат до страшни и безизлезни места. Во текот на нивното истражувачко патешествие се среќаваат со различни луѓе и ситуации, со слаткари, доктори, полицајци, циркузанти и крадци кои ги инспирираат, предизвикуваат или ги плашат како што е во вистинскиот живот надвор од конфорниот и заштитен дом.

Во претставата играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана Артиновска Трпческа, додека костимографијата и дизајнот на плакатот се дело на Христијан Нашуловски.

Прочитајте повеќе

Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови …