воз железница

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Договорено е раководството да ги повлече суспензиите за колегите и да нема санкција кон вработените кои стапија во бојкот пред две недели

Пишува: Бојан Блажевски

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите.

Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите и да нема санкција кон вработените кои стапија во бојкот пред две недели, поради неисплатен втор дел од платата за јули.

Бојкотот на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт почна на 25 август, а со тоа прекинаа со сообраќање сите товарни и патнички возови во земјава. Погодени од прекинот на превозот беа компаниите кои увезуваат и извезуваат стоки со железницата, но и граѓаните од помалите населени места, особено од Азотскиот регион, на кои возовите им се единствено средство за јавен превоз со Скопје, Велес и Прилеп.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …