По САД и Британија го повлекува персоналот од амбасадата во Украина

По САД и Британија го повлекува персоналот од амбасадата во Украина

По САД и Велика Британија најави заминување на дел од персоналот во амбасадата и зависни лица од Украина, во потег што Киев го нарече „предвремен“ по неколку рунди неубедливи дипломатски разговори меѓу Вашингтон и Москва, поттикнати од трупањето на десетици илјади војници од страна на Русија во близина на границата со западниот сосед.

Европската унија, сепак, сигнализираше дека не треба веднаш да се следат чекорите на САД и Велика Британија, при што висок функционер на ЕУ порача дека нема потреба да се „драматизира“ ситуацијата се додека продолжуваат дипломатските разговори со Русија.

Американскиот Стејт департмент вчера им рече на вработените во амбасадата во Украина дека мора да ја напуштат земјата, додека несуштинските вработени во амбасадата можат доброволно да заминат на државен трошок. Наредбите се издадени „поради континуираната закана од руска воена акција“, се вели во соопштението.

По соопштението на САД, британското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека исто така повлекува дел од персоналот и нивните роднини од својата амбасада во Украина како одговор на „растечката закана од Русија“.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …