Хелсиншки комитет

По случајот со убиство на жена во Струга, Хелсиншкиот комитет бара фемицидот да биде дел од Кривичниот законик

Хелсиншкиот комитет за човекови права во РСМ реагираше по вчерашната вест за сторено убиство на 34-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во Струга. Оттаму бараат итни измени на Кривичниот закон во насока на усогласување на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство со Истанбулската конвенција односно инкриминирање на различните форми на родово базирано насилство, вклучувајќи го и фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство врз жената.

„Убиството на жена затоа што е жена, односно фемицидот, претставува најтешка форма на насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво. Најчесто е предизвикано од страна на лице со кое жртвата е во партнерски однос. Имајќи предвид дека фемицидите не се ретка појава, а во нашата земја најчесто се резултат на непријавување на семејното насилство или на несоодветно постапување на релевантните институции, потребно е да се утврди дали на овој случај му претходеле пријави за семејно насилство од страна на жртвата и дали службените лица соодветно постапувале по тие пријави“, децидни се од Комитетот.

Meта.мк претходно пишуваше дека бавно оди имплементацијата на Истанбулската конвенција.

Инаку, Основното јавно обвинителство Струга синоќа извршило увид во станот во кој бил убиена жената. Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета.

Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот. По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …