Петар Муличкоски

Почина архитект Петар Муличкоски

Денес не напушти уште еден од великаните на македонската архитектура, утрово почина архитект Петар Муличкоски на 93 годишна возраст.

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет. Се занимава и со научноистражувачка работа и со публицистика, долгогодишен професор во областа на урбанизмот на факултетот во Скопје, каде ги пренесува искуствата од своите професионални посети на архитектонските бироа на светски познатите архитекти од САД. Повеќето од неговите креации се со антологиска вредност.

 

Почина архитект Петар Муличкоски

Народната библиотека во Скопје / Бетонско Скопје 1

Неговите урбанистички проекти, се вреднувани и наградувани на јавни конкурси, се однесуваат на значајни и разновидни градски содржини во различни географски, историски и урбани средини, ја потврдуваат умешноста на авторот во надоврзување на постојните градски матрици и структури како континуитет во поврзувањето на старото и новото, почитувајќи ја постоечката состојба и духот на срединатанадополнета со нови просторни содржини и амбиенти.

Почина архитект Петар Муличкоски

Костурницата во Кавадарци / Македонска споменична архитектура

 

Петар Муличкоски е роден 1929-та година во Прилеп каде го минува раното детство и средношколските денови. Во периодот од 1949 до 1957 студира Архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959-та е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Со понатамошно лично надградување цо 1967 е избран за доцент, а во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

Извор:МАРХ

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …