мијалков

Почнува распродажбата на имотот на Мијалков запленет во „Империја“

Акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Арселор Митал“, Стопанска Банка – Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет

На Македонска берза денеска и во следните четири дена на тргување ќе бидат ставени акциите запленети од Сашо Мијалков во предметот „Империја“.

Акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Арселор Митал“, Стопанска Банка – Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нивен сегашен сопственик е Агенцијата за управување со одземен имот.

Вкупната почетна вредност на сите акции засега изнесува 268.000 евра.

Мијалков лани призна вина и се спогоди со Обвинителството за случајот „Империја“. Со спогодбата, тој е осуден на 3 години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му беше и имот во вредност од над 30 милиони евра.

Во април лани и бизнисменот Орце Камчев потпиша спогодба и призна вина за случајот „Империја“, со што беше осуден на една година затвор. Камчев во државниот буџет врати над 5,2 милиони евра.

Случајот „Империја“ беше отворен во 2018 година од страна на поранешното СЈО за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

воз возови

Нова помош од 2,5 милиони евра за Македонски железници за исплата на плати

Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти …