Под мотото „Планетата моли за спас“, ООУ „Кочо Рацин“ го одбележа Денот на планетата Земја

Под мотото „Планетата моли за спас“, ООУ „Кочо Рацин“ го одбележа Денот на планетата Земја

Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп, денеска се вклучи во  одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја. По тој повод, во училишниот двор беше организиран настан под мотото „Планетата моли за спас“.

Покрај програмата, во училиштето беа спроведени низа активности за подигнување на свеста на учениците, но и на возрасните.

Под мотото „Планетата моли за спас“, ООУ „Кочо Рацин“ го одбележа Денот на планетата Земја„Децата ќе се натпреваруват меѓу себе, со цел да ги поттикнеме да се дружат меѓу себе, но и да знаат како правилно да го распределуваат отпадот и како да ја одржуваат животната средина. Денеска имаме различни друштвени игри за учениците од одделенска настава, кои ќе се дружат преку игра и цртање на игралиштето во училишниот двор, а поголемиот дел од учениците имаат изработено картички со пораки за начинот на кој треба да ја чуваме и зачуваме планетата Земја“, истакна директорката на ООУ „Кочо Рацин“, Зора Чадамова.

Покрај ваквите активности, во ООУ „Кочо Рацин“ тековно се вршат набавки на нагледни средства за осовременување на наставата, за што веќе се поставени 5 интерактивни табли, телевизори, проектори, се’ со цел да се подобрат условите за спроведување на наставата.

Меѓународниот ден на планетата Земја во светот се одбележува како предупредување на опасностите што им се закануваат на флората и фауната поради развојот на индустријата, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното загревање и климатските промена. Годинава денот се одбележува под мотото „Да ги заштитиме нашите видови“. Денот на планетата Земја е востановен во 1970 година.

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …