„Подај рака-биди човек“, хуманитарна акција во Прилеп

„Подај рака-биди човек“, хуманитарна акција во Прилеп

Во духот на чествувањето на патронот на Прилеп, свети Никола, а во рамките на активностите, годинава со логистичка поддршка на Општина Прилеп планирано е да се спроведе хумана акција „Подај рака – биди човек“. Акцијата ќе трае три дена од 10 до 13 декември во шест маркети во градот.

„Планирано е да собереме донации во храна. Сите хумани граѓани што купуваат таму, може да донираат. Тие донации ќе се распределуваат на граѓаните коишто припаѓаат на ранливите категории. Со тоа сакаме да ја покажеме нашата хуманост. Да го истакнеме она што свети Никола го правел, помагал на болни, изнемоштени и сиромашни. Ние ја продолжуваме таа традиција. Се надеваме на голем одзив. Да споделиме хуманост е интерес на сите. Може да се донира нерасиплива стока“, порачува Дејан Бунески од здружението „Епилепсија“ од Прилеп.

Оваа хуманитарната акција здружението ја спроведува заедно со ОО на Црвен Крст од Прилеп и со поддршка на Општина Прилеп. За успехот на акцијата голем придонес има Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Така што пакетите што ке бидат донирани, ќе бидат доставени до центарот, а потоа транспортирани до семејствата. Хуманост значи помошта да стигне во вистински раце, без да се види ликот на оној којшто донира, и оној што добива помош.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …