Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Тој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Случајот се влечкаше повеќе од година и половина, откако Министерството за правда го достави извештајот од контролата на АКМИС-от до Основното јавно обвинителство Скопје, а речиси две години откако тој беше презентиран.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Автомобили

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување направила пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето …