бензинска станица бензини горива

Поевтинија дизелот, екстра-лесното масло и мазутот

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, од денеска дизелот, екстра-лесното масло и мазутот имаат нови, пониски цени.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2 ден/лит. и таа изнесува 85,5 денари.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,5 ден/лит и сега изнесува 81,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и сега чини 56,13 ден/кг.

Цените на бензините остануваат непроменети, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98, 85,5 денари за литар.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …