горива бензини

Поевтинуваат горивата – бензините за 2 денара, дизелот за 1,5 денара

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од петокот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денара по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денара по литар.

Новата цена на дизелот е 98 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 85,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 88 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денара по литар и ќе изнесува 94,5 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

Новите цени стапуваат на сила во првата минута по полноќ, односно со почетокот на утрешниот ден.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …