Средба Грковска-Која: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси

Средба Грковска-Која: Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на кого му завршува работниот мандат во земјава.

На средбата вицепремиерката Грковска му се заблагодари на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во делот на искуствата и експертизата што како држава ја добиваме од Oрганизацијата при креирање на антикорупциски политики, интегритетот и доброто владеење. Изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Грковска и Која разговараа и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.

Од страна на амбасадорот Клеменс Која беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси.

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …