Газа

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат.

„Нашиот страв е болест и појава на болест. Метежот во сообраќајот е многу голем, луѓето секој ден да се обидуваат да најдат храна, вода, а сега се обидуваат да најдат сенка“, изјави Скот Андерсон, директор за прашања на UNRWA.

Тој додава дека е потребна контрола на појавата на комарците и мувите, собирање на ѓубрето и продолжување на обидот за подобрување на системот за вода и санитација во целина.

Во меѓувреме, Турција и Египет договараат зголемување на помошта во Газа. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот египетски колега Самех Шукри, на разговори во Истанбул разговарале за тешката ситуација во Газа и за повеќе можности за испорачување хуманитарна помош, особено како решенија за долг рок.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …