Покрај инфраструктурно, Крушево го развива туризмот и со нови алатки за промоција

Покрај инфраструктурно, Крушево го развива туризмот и со нови алатки за промоција

Покрај инфраструктурниот развој во туризмот на Крушево, градот се развива и на полето на негова промоција. Од денеска, активна е веб платформата „Викенд во Крушево“, која на туристите треба да им послужи како онлајн туристички водич.

Се работи за идеја која што е започната и имплементирана од петмина млади луѓе од Крушево, со цел преку користење на модерните алатки, како социјалните мрежи, да придонесат за подобра туристичка промоција, генерирање на повеќе туристи во градот и создавање на една платформа која ќе ги содржи сите информации за туристите.

За младите луѓе кои го водат овој проект, воспоставувањето на веб платформата weekendinkrusevo.com е дополнителен предизвик особено во период во кој туризмот е најмногу погоден од коронавирусот.

Новиот веб сајт можете да го погледнете на следниот линк: http://weekendinkrusevo.com

Прочитајте повеќе

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два …