Онлајн конференција на градоначалникот Јованоски и претставници на граѓански здруженија од населбата „Тризла“

Онлајн конференција на градоначалникот Јованоски и претставници на граѓански здруженија од населбата „Тризла“

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска одржа онлајн конференција со претставници на невладини организации и неформални групи на граѓани од ромската етничка заедница, од населбата „Тризла“.

Конференцијата беше одржана на барање на ромските здруженија и неформални групи на граѓани кои, како што истакнаа, сакаа да го запознаат градоначалникот со револтот и вознемиреноста на жителите од оваа урбана заедница, после искажаниот став на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека населбата „Тризла“ е ново жариште на коронавирусот.

Градоначалникот Јованоски уште еднаш ја осуди непримерената изјава на членот на Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и обидот за стигматизирање и дискриминација на ромската етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од коронавирусот и дека населбата во која живеат е новото жариште на болеста.

„Населбата ‘Тризла’ ниту била, ниту е жариште на КОВИД-19. Сакам уште еднаш да потенцирам дека од болеста подеднакво се погодени граѓаните од сите етнички заедници: Македонци, Роми, Турци и сите Онлајн конференција на градоначалникот Јованоски и претставници на граѓански здруженија од населбата „Тризла“останати. Дека процентот на заразени граѓани во ‘Тризла’ не е ниту поголем, ниту помал во однос на жителите на другите урбани заедници во општина Прилеп. Впрочем, бројката од 7 жители на ‘Тризла’ инфицирани со коронавирус од први мај до денеска, го покажува токму тоа. Најостро го осудувам секој обид за стигматизирање на граѓаните од било која етничка заедница, во случајот тоа беа Ромите, и ставање на болеста во етнички рамки. Ниту коронавирусот, ниту било која друга болест, ги дели луѓето по етничка припадност. И како градоначалник, но пред се’ како човек, вам, на жителите од УЗ ‘Тризла 2’ ви ја давам целата поддршка, бидејќи само единствени и обединети, од целата оваа ситуација ќе излеземе како победници“, порача градоначалникот Јованоски од денешната онлајн конференција.

Градоначалникот Јованоски, претставниците на здруженијата од ромската етничка заедница и претседателот на УЗ „Тризла 2“, дебатираа за проблемите со кои се соочува месното население од оваа урбана заедница, за досега реализираните проекти, како и за приоритетите кои се планирани да бидат реализирани во тековната 2020 година.

„Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник, во континуитет работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, подеднакво во сите урбани и месни заедници, без било чие фаворизирање. Спремни сме да ја слушнеме секоја сугестија, секоја критика, да Онлајн конференција на градоначалникот Јованоски и претставници на граѓански здруженија од населбата „Тризла“разговараме за изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните во целата општина, без разлика на нивната етничка, партиска, верска или било каква припадност. Така беше досега, така ќе биде и во иднина“, нагласи Јованоски.

Градоначалникот Јованоски ги информираше учесниците на конференцијата дека во насока на преземање мерки за заштита на здравјето на граѓаните, Општина Прилеп ќе распредели нови количини заштитни маски, а денеска и утре ќе биде извршена дезинфекција на улиците во сите населби во градот.

Претставниците на невладините организации и неформалните групи на граѓани од ромската етничка заедница, му се заблагодарија на градоначалникот Јованоски за неговиот отворен пристап, како и за укажаната можност отворено да разговараат за проблемите и потребите на граѓаните од населбата „Тризла“.

На крајот на онлајн конференцијата, беше договорено за скоро време да се одржи уште една ваква средба.

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …