обвинителство

Покренато обвинение против сопственичката на Диамед

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против сопственичката на Диамед, Вера Иванова за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело.

„Обвинетата В.И., како одговорно лице- управител на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, искористувајќи ги овластувањата, во 2013 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористила прилика како трговско друштво да учествува во постапка организирана од Министерството за здравство за добивање на лиценца за извршување здравствена услуга- дијализа. Целта на обвинетата не било да извршува здравствена дејност- дијализа, туку со здобивање на лиценца од 20 години, а со тоа и монополска положба на пазарот на овој вид здравствени услуги, да обезбеди повеќекратно зголемување на вредноста на уделот во правното лице“, информираат од Обвинителство.

Оттаму додават дека откако ја основала приватна здравствена установа Диамед, чиј основач е ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, на 14 февруари, 2014 година со Министерството за здравство склучила договор за лиценца за дијализа во траење од 20 години.

Тоа, според соопштението, на обвинетата и овозможило да постигне значително повисока цена за уделите на трговското друштво од запишаната вредност на уделот кој тогаш изнесувал 231.000,00 денари. Во текот на 2015 година, обвинетата со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со странско правно лице шведската компанија Дијаверум Шведска АВ за

Обивнетата за да ја избегне обврската за добивање претходна согласност од Министерството за здравство за пренос на уделот, уделот го пренела на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје. Без да овозможи Министерството за здравство, како јавен партнер, да утврди дали Дијаверум Шведска АВ ги исполнува на 31 октомври, 2018 година склучила договор со шведската компанија. Со тоа, обвинетата вредноста од уделот во Метрополитен кој бил 231.000,00 денари го зголемила на 11.560.000 евра за колку и го продала на новата фирма.

Обвинетата, како што наведуваат од обвинителството, парите ги пуштила во оптек и тоа износ од 3.275.000 евра, на сметка отворена на нејзино име, во банка во земјава, како и износ од 8.281.000 евра, на сметка во банка во Монако што гласи на правното лице, чиј краен сопственик е обвинетата.

Аферата, која медиумите ја нарекоа Рекет 2, беше отворена во 2019 година. Сопственичката на Диамед тогаш обвини дека властите ја опструирале продажбата на нејзината фирма за да ја рекетираат. Тогашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев кој потоа поднесе оставка обвини дека фирмата незаконски го добила тендерот за дијализа и дека зад фирмата стојат поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристо Новачевски.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …