Посетата на Албин Курти повод за препукување на македонските партии

Посетата на Албин Курти повод за препукување на македонските партии

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и ДУИ ја преименувале улицата во Чаир и дека обезбедиле полициско обезбедување за Курти, додека од СДСМ обвинуваат дека Касами и Гаши се коалициони партнери на Христијан Мицкоски

Најголемите македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со серија од меѓусебни обвинувања по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово.

Реагираа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека СДСМ и ДУИ во март 2021 година ги промениле имињата на 500 улици, мостови и други објекти во Скопје, а едно од нив било преименувањето на улицата Втора македонско-косовска бригада во Адем Демачи во скопската општина Чаир.

„Бидејќи од ДУИ и СДС исто така не знаеле дека во посета на државата доаѓа косовскиот премиер, тогаш кој дал дозвола за негово полициско обезбедување? Дали доколку Албин Курти бил на приватна посета во Македонија му следи целосно обезбедување од МВР? Спасовски да одговори по кој основ и му е доделено полициска заштита во приватна посета и кои ќе ги плати прошците за ангажирање на службени лица од МВР“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија СДСМ побараа од опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да одговори за настаните во Скопје и Тетово за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

Од СДСМ бараат Христијан Мицкоски да не се крие, да излезе пред јавноста и да одговори за настаните кои беа во организација на неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ, алудирајќи на тетовскиот градоначалник Билал Касами и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа“, обвинуваат од СДСМ.

Социјалдемократите потсетуваат дека Мицкоски го предлагал Африм Гаши за нов мандатар на Владата, а сега ДПМНЕ наводно е згрозена од неговото дејствување.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …