Последното годишно обраќање на Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, в петок на 28 декември во 12 часот ќе му се обрати на Собранието.

Иванов испратил го испратил барањето до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 5 декември, неколку дена откако Џафери на брифинг со новинарите рече дека истекува време за поднесување барање доколку претседателот Иванов сака да го оствари своето право.

– Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова на претседателот на државата му е право, а не обврска, што значи може да не сака оваа година да го искористи ова право – рече Џафери на брифингот одржан на 30 ноември.

Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата. Неговиот мандат истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Иванов 10 години е претседател на државата. Тој прв пат стапи на функцијата откако победи на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат беше избран во 2014 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …