Поставена нова канализациона линија и препумпна станица на улица „Савска”

Поставена нова канализациона линија и препумпна станица на улица „Савска”

Привршуваат работите за поставување на канализациона линија и препумпна станица за отпадни води на улица „Савска”, со што се решава деценискиот проблем на жителите од оваа улица кои до сега не беа приклучени на канализациониот систем.

Од причина што по пат на гравитација не беше возможно постојната канализациона мрежа да биде приклучена во канализациониот систем, ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп изгради препумпна станица за отпадни води, со што на новопоставената канализациона линија Ф-200, во должина од 200 метра, приклучи осум корисници.

За жителите од улица „Савска” ова ќе значи решавање на голем и долгогодишен комунален проблем и затворање на постојните септички јами на кои досега беа поврзани жителите од овој дел на градот.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …