Поставени седишта во мултифункционалната сала во горната училишна зграда во Крушево

Поставени седишта во мултифункционалната сала во горната училишна зграда во Крушево

По инсталирањето на аудио и видео опрема, просторот во горната училишна зграда во Крушево е опремен и со седишта, со што проектот за оспособување и опремување на театар и кино сала добива една целина.

„Во текот на вчерашниот ден беа поставени седиштата и морам да признам дека салата изгледа се’ поубаво. Конечно го заокружуваме проектот кој треба да го подобри културно забавниот живот на младите, можностите за неформално образование, но и повеќе содржини за туристите. Во овој проект сме заедно со УНДП, за што сум благодарен“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Опремувањето на на училишната зграда се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Пректот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …