Потпишан договорот за уредување на гробното место на Тоше Проески

Потпишан договорот за уредување на гробното место на Тоше Проески

Во Министерството за култура, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша договорот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески.

За овој проект Владата издвои 10 милиони денари, а градоначалникот Христоски извести дека веднаш започнува постапката за имплементација на проектот.

„Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега, по потпишувањето на договорот, ги продолжуваме активностите се’ до реализација на долго ветуваното уредување на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …