ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА НАСТАВА ВО БИТОЛСКОТО СЕЛО ЛОПАТИЦА
dav

ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА НАСТАВА ВО БИТОЛСКОТО СЕЛО ЛОПАТИЦА

Градоначалничката Наташа Петровска заедно со дел од советниците во Советот на Општина Битола, го посетија населеното место Лопатица, каде се работи на санација на основното училиште и остварија средба со локалното население.

Жителите на Лопатица искажаа благодарност до Општина Битола и до Петровска, за покажаниот интерес за санација на училиштето и брзата реакција. Покрај менувањето на комплетната водоводна и одводна инсталација и санација на тоалетите, веќе се поставени нови цевки и хидрофори. Во натамошните подготвителни активности пред почетокот на новата учебна година, ќе се санираат и училниците, а ќе се изврши дезинфекција на просториите со бојадисување.

Во Лопатица од први септември, во чисти и обновени училници и комплетно реновирани тоалети, на настава ќе се вратат 14 ученици од прво до петто одделение.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …