Потпишана финансиската спогодба за ИПАРД 3

Потпишана финансиската спогодба за ИПАРД 3

На вчерашното официјално потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3, Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во име на Владата на Република Северна Македонија ја потпиша спогодбата во присуство на шефот на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили и Никица Бачовски – директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Присутните истакнаа дека нашата држава е најголем корисник на ЕУ фондовите за земјоделство од редот на земјите од Западен Балкан. Потписникот на спогодбата Вицепремиеот Маричиќ наведе:

„Со финансиската спогодба се обезбедија 97.000.000 милиони евра за македонското земјоделство за мерки од ИПАРД III програмата кои ќе доведат до отворање на многу можности“…

„ИПАРД 2 беше доволно силна и успешна приказна, а ИПАРД 3 ќе биде ветувачка приказна, приказна што ветува многу за македонскиот земјоделец и гаранција дека Северна Македонија ќе продолжи да биде најдобар корисник на ИПАРД програмите во регионот, рече Маричиќ.

Реализацијата и имплементацијата на средствата за ИПАРД 3 програмата се проследуваат преку Министерството за финансии, за што Министерот Бесими истакна…

„Со потпишаната финансиска спогодба се ставаат на располагање нови 130 милиони евра инвестиции за развој на земјоделскиот сектор и руралните региони. Преку ИПАРД III програмата добиваме 60% повеќе средства во износ од 97 милиони евра и национално учество, односно учество од буџетот од 31 милион евра во реализација на нови проекти. Продолжуваме со поддршка на овој сектор преку буџетот за што од година во година одвојуваме повеќе средства за исплата на земјоделски субвенции и за програми во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Така во Министерството за земјоделство оваа година имаме буџет од 1,64 милијарди денари што е три пати повеќе од буџетот реализиран во 2017 година и субвенции од рекордни 9 милијарди денари“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими кој додаде дека преку ИПАРД III програмата овој пат се воспоставува нова мерка за инвестиции во јавна рурална инфраструктура од 12,55 милиони евра.

По обраќањата на Вицепремиерот Маричиќ и Министерот Бесими во продолжение министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна:

„Нашиот успех со реализацијата на ИПАРД 2 програмата го потврди и Европската Комисија, зголемувајќи ги за 62% европските средства за поддршка во новата ИПАРД 3 програма. Ако во ИПАРД 2 програмата имавме на располагање 60 милиони евра европски средства, сега во новата ИПАРД 3 програма имаме 97 милиони евра европски средства наменети за развој и модернизација на македонското земјоделство.

Ако на оваа сума од Евопската Унија го додадеме и делот на националното кофинансирање и делот од учеството на корисниците вкупната ИПАРД 3 програма достигнува до 250 милиони евра. Овие се средства наменети за граѓаните, средства кој остануваат дома претворени во нови инвестиции во сите сектори во земјоделството и руралниот развој.“…

Европската комисија ја усвои ИПАРД 3 Програмата на 9 март 2022 година за која беа организирани серија на консултации со земјоделскиот сектор, фамери, производители.  На 9 ноември 2022 година е склучена Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија, со која се утврдуваат конкретни аранжмани за управување, контрола, надзор, мониторинг, евалуација, известување и ревизија на ИПА III поддршката, со што Северна Македонија се обврзува да ги транспонира во својот правен поредок релевантните регулаторни барања на Унијата а на 15 февруари 2023 година беше склучена Секторската спогодба, помеѓу Европската комисијата и Северна Македонија со кој се надополнува Рамковната спогодба за финансиско партнерство и вклучува конкретни одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Северна Македонија во рамките на ИПАРД 3 Програмата известуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Прочитајте повеќе

Бејби Лазања одби 50.000 евра награда од хрватската влада, сака парите да бидат донирани

Бејби Лазања одби 50.000 евра награда од хрватската влада, сака парите да бидат донирани

Бејби Лазања ја претставуваше Хрватска на овогодишната Евровизија, каде освои второ место, што е најголем …