Потполковник Славчо Кузманоски, нов командант на прилепската касарна „Мирче Ацев“

Потполковник Славчо Кузманоски, нов командант на прилепската касарна „Мирче Ацев“

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ се одржа воена свеченост, по повод примопредавањето на должноста Командант на артилерискиот баталјон.

На свеченоста на која присуствуваше Началникот на Генералштабот, Генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, за нов Командант на артилерискиот баталјон, на местото на потполковник Ѓорѓи Василески, е назначен потполковник Славчо Кузманоски.

Покрај Генерал потполковник Ѓурчиновски, на свеченоста присуствуваа и Командантот на Командата за операции, Генерал мајор Павле Арсоски, полковник Бесник Емини, како и градоначаниците на Прилеп и Новаци, Илија Јованоски и Љубе Кузманоски.

Пред стројот на единицата и присутните гости, во своето обраќање Командантот на 1.пбр полковник Бесник Емини, му се заблагодари на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати за време на неговото командување со единицата, а на потполковникот Славчо Кузманоски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност.

Во своето обраќање, полковни Емини меѓу другото истакна дека, да се биде командант на баталјонот кој претставува железна тупаница на првата бригада и без чија поддршка не би можеле да функционираат и останатите единици во Армијата, претставува огромна чест, но и обврска.

Досегашниот командант на артилерискиот баталјон, потполковник Ѓорѓи Василевски, во својот говор им оддаде признание на припадниците на баталјонот за вложениот труд во извршувањето на задачите, како и на предизвиците со кои единицата успешно се справуваше во текот на неговото командување. На својот наследник, потполковник Василевски му порача: „Ти ги оставам во аманет баталјонот и овие прекрасни луѓе, твои соборци, да ги водиш со ум и лидерство, кои недвосмислено ги имаш!“.

Новиот командант на касарната „Мирче Ацев“, потполковник Славчо Кузманоски, се заблагодари на укажаната доверба за неговото поставување на оваа одговорна должност, ветувајќи дека ќе го даде својот максимум, со цел постигнување на уште подобри резултати во извршувањето на своите задачи во иднина.

На крајот на свеченоста, беше извршено примопредавање на военото знаме на баталјонот помеѓу командантите.

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …