„Повеќе за сите“ - трибина на СДСМ во Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

„Повеќе за сите“ – трибина на СДСМ во Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

Поенти од излагањето на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на синоќешната трибина „Повеќе за сите“:

  • Со 9-тиот пакет антикризни мерки, 662 милиони евра ќе завршат кај студентите, средношколците, основците, пензионерите, ранливите категории на граѓани, компаниите…;
  • Преку разни форми на субвенции, за 3 години, кај граѓаните се вратени над 2 милијарди евра;
  • Од 2016 година до денес, просечната плата е зголемена од 360 на 615 евра;
  • Во време на ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 9.000, а сега 20.175 денари;
  • Континуирано и неселективно, продолжуваат инвестициите на Владата во локалните самоуправи – обезбедени 32,5 милиони евра за финансирање на 66 проекти во 44 општини;
  • За исплата на субвенциите за тутун ќе бидат потрошени 26 милиони евра, исто колку и лани, без разлика што годинешната реколта “тежи“ речиси двапати помалку од ланската;
  • Струјата нема да поскапи;
  • Во Прилеп ќе се гради нова социјална зграда со 63 станови, во вредност од 2 милиони евра;
  • СДСМ и Коалицијата ќе победат и на претседателските и на парламентарните избори;
  • Членството во ЕУ значи повисоки плати и пензии за 70% од сегашните;
  • До 2030 година, Република Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …