Напад со нож Германија

Повредени четворица ученици во напад со нож во германско училиште

Првичните сознанија се дека осомничениот напаѓач, кој сега е во притвор, е 17-годишен ученик во училиштето, изјави Херберт Реул, покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија

Четворица ученици се повредени, од кои двајца потешко, во вчерашниот напад во училиште во Вупертал, западна Германија, соопштија полицијата и официјалните лица, а пренесе германската агенција ДПА.

„Првичните сознанија се дека осомничениот напаѓач, кој сега е во притвор, е 17-годишен ученик во училиштето“, изјави Херберт Реул, покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија.

Полицијата соопшти дека и осомничениот е повреден.

Министерот потврди дека нападот бил со нож, но не ги соопшти мотивите.

Ученик за ДПА изјавува дека негов пријател видел двајца постари ученици како трчаат по скалите облеани во крв.

„Мислев дека можеби се скарале“, рече тој.

Тогаш им било кажано да одат во училниците и да ги заклучат вратите.

„Ги турнавме клупите пред вратата и седнавме на подот во задниот дел од училницата“, изјавува студентот.

„Бевме многу исплашени“.

Училиштето било евакуирано во голема полициска операција а била обезбедена и целата област.

„Учениците се безбедни и згрижени“, соопшти полиција на платформата Х.

За време на операцијата, полициски хеликоптер кружел над училиштето, додека во околината имало многу полицајци со автоматско оружје и здравствени работници од итната помош.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …