Пожар во катедралата Нотр Дам во центарот на Париз

Пожар во катедралата Нотр Дам во центарот на Париз

Пожар избувна попладнево во катедралата Нотр Дам во центарот на Париз, соопштија градските власти. Сликите објавени на социјалните медиуми покажуваат пламени и облаци од чад над покривот на средновековната катедрала, која е воедно најпосетениот историски споменик во Европа. Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата. Во тек е голема операција за гаснење на пожарот, а областа околу катедралата во центарот на Париз е обезбедена, соопштија официјални лица.

Минатата година, Католичката црква во Франција бараше итна реконструкција за спасување на катедралата, која почна да се урива.

 

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …