Пратеничката Кети Смилеска ја напушти Инфективната клиника: Денешниот датум за мене значи двојна победа

Пратеничката Кети Смилеска ја напушти Инфективната клиника: Денешниот датум за мене значи двојна победа

После 13 денови борба со коронавирусот, прилепската пратеничка на СДСМ, Кети Смилеска денеска ја напушти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

„Симболиката на денешниот датум за мене е двојна: на 27 април 2017 година во Собранието беше победен режимот, 3 години подоцна победен е подмолниот непријател КОВИД-19. Но тоа не значи дека овде престанува мојата, нашата борба. Напротив, борбата за зачувување на здравјето, за подобар живот на граѓаните на Република Северна Македонија, продолжува!“, вели пратеничката Смилеска.

Во изјавата за ПУБЛИКУМ, Смилеска уште еднаш упати благодарност до медицинските работници од Инфективната клиника, но и до здравствените работници од другите здравствени установи во државата, за грижата која ја покажуваат кон сите пациенти заболени од коронавирус.

„Не можам со зборови да ја опишам нивната посветеност кон работата, нивната несебична и беспоштедна борба за зачувување на здравјето и животот на сите пациенти. Тоа не е обична борба, бидејќи за да спасат туѓ живот, тие го ризикуваат сопствениот живот. Во текот на целиот ден во болницата има персонал достапен за сите пациенти. И тие не се само физички присутни, туку и емоционално. Нивната љубезност и позитивната енергија со која зрачат, за пациентите значи повеќе од било кој лек. Секое, макар и минимално подобрување на здравствената состојба на било кој пациент, за нив претставува голема радост. Почитувани доктори, медицински сестри, останати здравствени работници, горда сум што ве имаме! Вие сте хероите на нашето време! Мојот наклон до земја за вас!“, изјави на заминување од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …