Православните христијани го слават Бадник - илјадници деца низ земјава ќе чекорат во бадникови поворки

Православните христијани го слават Бадник – илјадници деца низ земјава ќе чекорат во бадникови поворки

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

По тој повод денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе почне одбележувањето на денот пред раѓањето на Исус Христос – Бадник. Во храмот ќе се пречекаат бадникарските кумови за 2023 година, Мојсо Мојсовски и Марко Илковски јуниор со бадниковата погача како и здравичарот Иванчо Стефков. По ова во Соборниот храм тие ќе имаат куса средба со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе ја благослови погачата.

По двегодишна пауза поради пандемијата на ковид-19, денеска од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во земјава илјадници деца ќе чекорат во бадникови поворки на радоста, пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Најголемата бадникова манифестација ќе започне во Скопје во 11 часот со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на познати македонски изведувачи.

Божиќ во Ерменија: Кога „светлината од црквата“ ги осветлува најтемните денови

Поради одбележувањето на празникот сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, денеска од 10 часот ќе бидат затворени за сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот, па сѐ до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм „Св.Климент Охридски“ и тоа од објектот на „Пошта на РСМ“ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм, до зградата на Владата на РСМ“, се вели во соопштението на МВР.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат (ВИДЕО)

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети …