Премиерот Зоран Заев, денеска до Собранието ќе ги достави предлозите за нови членови на Владата.
За министер за финансии ќе биде предложена Нина Ангеловска, коосновач и директор на „Групер“, добитник на награда на „Форбс“. За заменик-министер за образование и наука ќе биде предложена Елизабета Наумовска, а за заменик министер за економија Кире Колемишевски, кој на оваа функција ќе го замени Кире Наумов кој што ќе биде предложен за директор на Македонската Банка за поддршка и развој.
Кандидат за заменик-министер на новото министерство за политички систем и односи со заедниците, ќе биде Неџат Мехмедовиќ.