Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Министерство за внатрешни работи информира дека вчера на 28 февруари (недела), по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

„Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител,“ се вели во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …