доналд трамп

Трамп не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести можна кандидатура за претседател на претседателските избори во САД во 2024 година. Во својот говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Орландо, Флорида Трамп ги демантираше гласините дека планира да формира нова партија.

„Јас ќе продолжам да се борам на вашата страна. Не стартуваме нови партии. Ние ја имаме Републиканската партија. Ќе биде силна и обединета како никогаш порано. Со ваша помош ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го добиеме Сенатот, а потоа републикански претседател триумфално ќе се врати во Белата куќа. Се прашувам кој ќе биде тоа?“, рече Трамп, смешкајќи се.

Тој на средбата повторно потенцираше дека на изборите во ноември минатата година изгубил поради изборна измама, нагласувајќи дека Америка под водство на актуелниот претседател Џо Бајден паднала од првото на последното место.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …