Парламентите за младите – Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Парламентите за младите – Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Младите играат значајна улога во креирањето на политиките во државата и придонесуваат за развојот на демократската свест и култура. Модерните демократии имаат обврска да промовираат култура на отвореност преку доближување на процесот на работа до младата популација, разјаснувајќи ја улогата на пратениците во Собранието и објаснувајќи ги процедурите на неговата работа.

Парламентарниот институт, како посебна организациона единица во рамките на Собранието на Република Северна Македонија, ја реализира програмата „Имам Став“ со цел едуцирање на младите за работата на Парламентот.

„Имам Став“ преставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата и процесот на тоа како еден предлог станува закон.

Младите кои ќе се пријават да учестуваат на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“, најпрво ќе се подготвуваат на часовите во училиштата, а потоа пријавените ќе продолжат со едукација во Собранието, каде ќе се реализира симултана пленарна седница, на која ќе се расправа и ќе се одлучува, врз основа на понудени решенија во Собранието. На крајот од програмата, учесниците во „Имам став“, ќе имаат можност да ја разгледуват и зградата на Собранието, со тоа што ќе ги запознаат и функциите на објектот низ времето, како и за просториите каде работат и одлучуваат пратениците.

Пријавувањето може да се направи на parl.inst@sobranie.mk или на телефонскиот број 02/31 82 227.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …