Премиерите на Македонија и Бугарија, Ковачевски и Донев на отпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со неговиот бугарски колега, Галaб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, денеска со почеток во 12:00 часот ќе присуствуваат на oтпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Настанот ќе се одржи на делницата каде што поминува железницата, близу Куманово и на него ќе се презентира проектот за источниот дел од делницата.

Свои обраќања ќе имаат премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Галаб Донев, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Железници „Инфраструктура“, Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир и Анди Аранитаси од Европската банка за обнова и развој.

Со изградбата на оваа железница, Македонија станува крстосница на Балканот и регионално се поврзува со европските железнички коридори. Овој капитален проект е од исклучително значење особено за поврзување со нашите први соседи Бугарија и Албанија, што е од регионален интерес за граѓаните и за економскиот раст и развој.

Прочитајте повеќе

Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска го …