Премиерот Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на двајца министри и за именување нови

Премиерот Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на двајца министри и за именување нови

Претседателот на Владата, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат - ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат – ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

Прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ Денеска објавуваме …