Премиерот Џафери на 60. Минхенска конференција за безбедност

Премиерот Џафери на 60. Минхенска конференција за безбедност

Претседателот на Владата, Талат Џафери, од денеска престојува во Минхен, каде ќе учествува на безбедносната конференција која се одржува од 16 до 18 февруари 2024 година.

За време на тридневната конференција, премиерот Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Фокусот на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција е на улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и во таа насока, на значењето на проширувањето на ЕУ, а во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Премиерот Џафери, за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот.

Минхенската безбедносна конференција, се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста.

Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција, преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …