Ковачевски Витаминка

Премиерот Ковачевски предводи владина делегација на „Делфи економскиот форум“ во Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на седмиот „Делфи економски форум“ во Грција ќе ја предводи владината делегација.

Во рамки на Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и министрите за надворешни работи, финансии, економија, одбрана и животна средина.

„Делфи економскиот форум“ се одржува од 6 до 9 април и е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и истакнати политичари во светски рамки.

Организаторите на настанот информираат дека целта е да се покријат сите теми, а оваа година поради војната, голем дел ќе биде посветена на Украина, но и на геополитичките предизвици. На седмиот „Делфи економскиот форум“ насловен „New Realities“ потврдени се скоро 800 говорници од над 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството и културата.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …