СДСМ

СДСМ: Отворени првите повици за мерките од Оперативниот план, сите невработени лица да аплицираат

Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Објавени се првите јавни огласи од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2022 година.

Поради големиот интерес за мерката Самовработување со новиот план обезбедени се средства за отворање на сопствен бизнис за 2.000 лица.

Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 5.000 евра или до 10.000 евра ако двајца содружници основаат компанија.

Со мерката Практиканство на над 1.600 млади лица до 34 години им се овозможува да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место.

Лицата ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за период до три месеци.

Мерката Вработување и раст на правни субјекти овозможува работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места.

Оваа мерка ќе опфати 262 невработени лица евидентирани во АВРСМ од следните целни групи: млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на панадемијата КОВИД-19 и Роми, појаснуваат од Агенцијата за вработување.

Ги повикуваме сите лица кои ги исполнуваат условите да конкурираат во еден од триесетте центри за вработување или онлајн на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Оперативниот план како една од клучните алатки за намалување на стапката на невработеност за оваа година има буџет од 30 милиони евра и со него ќе се опфатат околу 15.000 невработени лица.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи и во време на криза продолжува со реализација на ефикасни мерки кои го унапредуваат животниот стандард и ја намалуваат стапката на невработеност.

Прочитајте повеќе

Филипче: Ќе ги застапувам интересите на сите граѓани, ќе помагам и како лекар и како пратеник

Кандидатот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 4, Венко Филипче синоќа во …