Премиерот Ковачевски во Белград ќе учествува на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан

Премиерот Ковачевски во Белград ќе учествува на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Бих, Зоран Тегелтија ќе ги пречекаат претседателот на Србија, Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка во Палата Србија каде ќе се случува настанот.

Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на Конференцијата и на панел дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …