Премиерот Ковачевски во дводневна работна посета на Брисел и средби со претставници на НАТО и ЕУ

Премиерот Ковачевски во дводневна работна посета на Брисел и средби со претставници на НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел.

Денеска премиерот Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе имаат средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, после што следуваат средби во институциите на ЕУ.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, по што работниот дел од првиот ден од посетата на Брисел ќе заврши со претседателката на Европскиот Парламент Роберта Метсола, на која покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Утре, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на која ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На маргините на дводневната работна посета на Брисел, премиерот Ковачевски ќе оствари и повеќе други средби со претставници на различни институции на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел прецизно и транспарентно информирање на јавноста, на денешната …