На изборите закажани за 3 април, српската опозиција ќе настапи обединета

Во Србија на 3 април ќе се одржат претседателски, парламентарни и локални избори, на коишто опозицијата ќе настапи обединето во коалиција „Обединета Србија“, јавува српскиот весник Данас. 

Опозициски кандидат за иден српски претседател е Здравко Понош, генерал-потполковник на српската војска во пензија и поранешен началник на генералштабот.

Носител на изборната листа на опозициската коалиција за парламентарните избори е Мариника Тепиќ, додека Владета Јанковиќ ќе биде опозициски кандидат за градоначалник на Белград.

Во коалицијата „Обединета Србија“ се здружија речиси сите поголеми опозициски партии во земјава, вклучувајќи ги Партијата за слобода и правда, Народната партија, Демократската партија, Движењето на слободни граѓани, Движењето за промени, Движењето Слободна Србија, синдикатот „Слога“, Демократскиот сојуз на Унгарците од Војводина и Граѓанската платформа.

„Александар Вучиќ и неговата партија се подготвија и овие избори да ги украдат, како што тоа го прават од 2012 година од кога немаме слободни избори. Ние мораме да го менуваме системот и да ја опоравиме државата“, изјави Мариника Тепиќ.

Генералот Здравко Понош рече дека чекал сите партии да пронајдат заеднички јазик и во борбата да одат заедно на изборите.

„Србија после изборите ќе биде нормална земја, насочена кон иднината“, изјави тој.

Прочитајте повеќе

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали Земјотрес со …