Премиерот Спасовски најави најитно обезбедување првична помош за семејството кое во пожар ги изгуби двете малолетни деца

Премиерот Спасовски најави најитно обезбедување првична помош за семејството кое во пожар ги изгуби двете малолетни деца

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски придружен од претставници на институциите, го посети местото, каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сé што е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски за време на посетата на местото на несреќата.

Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.

„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …