Премиерот Заев ќе го отвори првиот Национален Старт-ап Самит „Заеднички влијаеме”

Премиерот Заев ќе го отвори првиот Национален Старт-ап Самит „Заеднички влијаеме”

Ве известуваме дека на 28.5.2021 година (петок) со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ќе го отвори првиот Национален Старт-ап Самит кој се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме“ во организација на Старт-ап Македонија и Бизнис Импакт Лаб, поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP).

На Самитот воведни обраќања ќе имаат и заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Коста Петров, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, како и претставници на старт-ап организациите.

Самитот се организира со цел градење посилна старт-ап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни старт-апи.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …