Премиерот Заев: Приватизацијата на земјоделското земјиште ќе се одвива под одредени услови, со цел земјоделството да се стави во функција на развој

Премиерот Заев: Приватизацијата на земјоделското земјиште ќе се одвива под одредени услови, со цел земјоделството да се стави во функција на развој

„Приватизацијата на земјоделското земјиште ќе се одвива согласно одредени услови. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска дејност, потоа не смеат да се продаваат помалку од 10 хектари. Тие се првите параметрите кои мора да се запазат, дополнително ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок. Целта е земјоделското земјиште да биде ставено во функција“, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Економски магазин“ на Алсат М.

Тој појасни дека земјоделството е голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се повлечат кредитни линии, ќе се инвестираат заштедени пари, што ќе значи и отворање на работни места, ќе се поттикне зголемување на извозот, на домашната продукција, а преку тоа и ќе се зајакне конкурентноста на националното земјоделско производство.

„Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании. Земјоделското земјиште ќе може да го купат домашни физички и правни лица. Правните лица може да бидат со делумно и целосно странски капитал, но да бидат домашно регистрирани компании. Тоа значи да ги прифатат сите услови во државата, да не го пренаменуваат земјиштето за го користат за земјоделска дејноста, да инвестираат, модернизираат со современи методи. Планот е до крајот на јуни 2021 година да ја завршиме дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата најдобро е да  влеземе во прогрес. Имаме и национални големи компании кои сакаат да инвестираат“, рече премиерот Заев и дополни дека и во овој случај нема да се дозволат злоупотреби за што државата има соодветни алатки за да си го заштити јавниот интерес.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …