Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев.

На свечената церемонија на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Касијев со неговиот професионален ангажман ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји, чии односи се темелат на пријателство, почит и меѓусебно разбирање.

„Дозволете ми, да ја истакнам нашата искрена подготвеност за продлабочување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес. Ве уверувам дека ќе продолжиме со сите неопходни активности и иницијативи за постигнување на овие цели и за унапредување на билатералниот политички дијалог, како и на иницијативите за зацврстување и проширување на сферите на соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање.

Амбасадорот Касијев во своето обраќање посочи дека политичките односи меѓу двете земји се развиваат во нагорна линија, но дека е неопходно продлабочување на економската соработка, како и соработката во областа на енергетиката, земјоделството, туризмот и инвестициите, кадешто ќе ги насочи своите лични напори и ангажмани.

„Сметаме дека политичките односи ќе продолжат да се зајакнуваат врз основа на почитување на нормите и принципите на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и Хелсиншкиот финален акт на ОБСЕ, особено во делот на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на меѓународните граници“, истакна амбасадорот Касијев.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Касијев му посака успех во дипломатската мисија и изрази подготвеност за негова целосна поддршка во извршувањето на одговорната функција.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …