Претседателот Пендаровски на Денот на рударите во посета на Македонска Kаменица и рудникот Саса

Претседателот Пендаровски на Денот на рударите во посета на Македонска Kаменица и рудникот Саса

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса. Претседателот го честиташе Денот на рударите и Денот на општина Македонска Kаменица, а на православните христијани им го честиташе празникот Успение на пресвета Богородица.

Денеска, изјави, сме во една од најуспешните компании, која е специфична по многу нешта, компанијата е еден од најголемите двигатели на економскиот развој во овој регион, но во исто време ги запазува и највисоките еколошки стандарди  и води исклучително сметка и за своите вработени.

„Рудникот Саса е компанија која прва во својата област ги доби сите сертификати за заштита на вработените и за заштита на човековата околина. Во ова време кога сите трчаат по профит, сите треба да го следат нивниот пример. Драго ми е што во Република Северна Македонија има компанија која работи по највисоките светски стандарди и која се грижи  за заштита на човековата средина,  за вработените и за локалната заедница. Вакви примери ни требаат што повеќе. Да им оддадеме признание и апелирам да бидат пример и за другите“, изјави претседателот Стево Пендаровски при денешната посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …