Џонсон бара од кралицата суспендирање на парламентот

Џонсон бара од кралицата суспендирање на парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска најави потег за скратување на временскиот период во кој парламентот треба да расправа пред крајниот рок на 31 октомври за повлекување на Велика Британија од Европската унија.

Џонсон рече дека упатил барање до кралицата Елизабета да ја прекине тековната седница на парламентот, а на 14 октомври да започне нова седница на која ќе се утврди законодавната агенда на неговата влада.

Претседателот на Претставничкиот дом, Џон Беркау, рече дека очигледната цел „ќе биде парламентот да престане да расправа за Брегзит.“

Џонсон вети дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија со или без договор за повлекување.

Неговата претходничка Тереза Меј не успеа да го натера парламентот да се согласи на договорот што нејзините преговарачи го постигнаа со Европската унија.

Џонсон во следните денови ќе се сретне со официјални претставници на ЕУ.

Извор: Глас На Америка

Прочитајте повеќе

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети, загинаа најмалку 12 лица

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети, загинаа најмалку 12 лица

Руските напади убија најмалку 12 лица во Украина, соопштија локалните власти, откако Москва го нападна …